×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Возел со 206 км на час на автопатот Куманово - Велес

    26.04.2022 10:32 | Сузана Николиќ

    Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес, при што санкционирала 89 возачи, кои се движеле со брзина поголема од дозволената.

    Возел со 206 км на час на автопатот Куманово - Велес

    „Од нив, две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, а 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното“, соопштува МВР.  

    Според објавеното, еден од возачите се движел со 206 километри на час.

    Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, заради безбедноста во сообраќајот.