Вработен во АРМ давал лажни потврди за кредит
23.12.2013 15:58
| KumanovoNews
Скопјанец вработен во Генерал штаб на АРМ на двајца кумановци им дал лажни потврди за да добијат кредит во банка.

Б.А.(42) од Скопје во јули лани на С.М.(27) и В.Т(34) од Куманово им понудил да ми помогне да добијат кредит. Со штенбил и печат на Генерал штаб на АРМ издал документи дека С.М. и В.Т. се вработени во АРМ.
Б.А. ќе одговара за посебни случаи на фалсификување исправа, додека С.М. и В.Т. ќе за сторени кривични дела употреба на исправа со невистинита содржина и измама, при добивање на кредит и друга погодност.