×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вработените во градинката протестираа пред Општина Куманово, градоначалникот вети дека ќе има плата

    23.07.2024 16:21 | Оливера Пешевска

    Вработените во градинката „Ангел Шајче“, денеска протестираа пред Општина Куманово, бидејќи надлежните не преземаат ништо за да им се исплати јунската плата.

    Вработените во градинката протестираа пред Општина Куманово, градоначалникот вети дека ќе има плата

    Дел од нив беа повикани на состанок во кабинетот на градоначалникот, при што им било кажано дека е потпишан налогот за трансферирање на средствата и најбрзо платата ќе им биле уплатена.

    „Денеска на своја одговорност ја потпишав платата за сите во редовен работен однос и таа ќе биде исплатена. Поради спорни седум вработувања, за кои не е обезбедена претходна согласност, доцни исплатата на платите. Од моментот кога ги добивме средствата веднаш ги трансфериравме “, изјави градоначалникот Димитриевски пред вработените во Градинката „Ангел Шајче“ во Куманово.

    Цветанка Митевска, претседателка на регионалниот огранок на СОНК, рече дека добиле ветување од градоначалникот дека ќе исплати платата утре. 

    „Тоа се административни работи и процедури, каде сите институции се потрудија да го решат проблемот. Според ветувањата најскоро утре ќе земеме плата, кажаа дека дефинитивно проблемот е разрешен“, потенцираше Митевска.

    Таа остави членството да се изјасни дали и утре ќе се излезе на протест, со можност да се даде временска рамка за да се види дали ќе се испочитува договореното и ветеното. 

    Вработените нагласија дека протестот на воситувачките, негувателките и помошно-техничкиот персонал е социјален протест, без никаква политичка заднина.

    Без плата за месец јуни се уште се 232 вработени во институцијата, меѓу кои и самохрани родители, брачни парови или болни лица. Одлуката за протест е донесена на синдикален состанoк со мнозинство гласови на членовите.