×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Врачени наградите на најдобрите професори и ученици

    26.05.2012 12:51 | KumanovoNews

     По повод Денот на просветните работници 24 мај,синоќа беа доделени наградите на најдобрите просветни работници и ученици на генерацијата во основните и средни училишта. Наградите ги додели Здружението на просветни работници од Куманово.

    Врачени наградите на најдобрите професори и ученици

    За најуспешни просветни работници во минатата година се прогласени: Џулијана Илиевска, одделенски наставник во ОУ „Вук Караџиќ„, Бобан Поповски, професор по информатика во ОУ„Крсте Мисирков„ и Штефица Ујчиќ професор по физика во гимназијата „Гоце Делчев„.

     Оваа година за првпат ја доделуваме наградата за најдобар просветен работник и тоа во категориите: предучилишна настава, основно образованите со одделенска и предметна настава, и средно образование. На конкурсот се пријавија 30 кандидати од сите училишта, но немавме предлог од градинките. Комисијата ги разгледуваше пристигнатите предлози и на основа на постигнатите резултати во текот на годината беа изберени најдобрите- рече Лидија Николовска, претседател на Здружението на просветни работници.

    Просветните работници велат дека наградите многу им значат бидејќи се доделени од нивни колеги, и тие ќе бидат потик уште повеќе да работат и да постигнуваат резултати за училиштата и градот.

    Наградата ми значи многу, бидејќи во изминатите години го дадов својот максимум и резултатите се покажаа преку дипломите на учениците. Со нашите успеси го претставуваме и училиштето, бидејќи во изминатиот период бевме на многу регионални, државни и меѓународни натпревари. Мината година освоивме прва награда на Балканска олимпијада по информатика , а потоа во Романија се пласиравме на 4 место што претставува голем успех -изјави професорот Бобан Поповски.

     Наградите ги врачи градоначалникот Зоран Дамјановски, кој им го четиташе празникот на просветните работници, а им посаката уште многу награди и признанија на најдобрите ученици и професори.

    Нашите деца се повеќе се присутни на сите универзитети во државата и покажуваат извонредни резултати на сите натпреварувања. Добиваат меѓународни признанија, стипендии и ние се гордееме со нивните успеси. Тие и нивните професори  секогаш ќе ја имаат нашата подршка и во секоја ситуација ќе застанеме зад нив затоа што овие млади луѓе се иднината на нашиот град - рече градоначалникот.

    Tрадиционално и годинава на свеченоста беа прогласени и првенците на генерацијата во основните и средни училишта.

    Најдобри во основните училишта се : Бисера Пешевска ОУ„Толи Зордумис„, Стефан Савевски ОУ„Вук Караџиќ„, Јована Петковска ОУ„Христијан Тодоровски Карпош„, Анета Трајковска ОУ„11 Октомври„, Ангела Бајдевска ОУ„Вера Которска„ Клечовце, Сание Азири ОУ„Битолски Конгрес„, Лопате, Марина Николиќ ОУ„Браќа Рибар„ Табановаце, Никола Тасевски ОУ„Браќа Миладиновци„ Куманово, Хадис Абази ОУ„Бајрам Шабани„, Јована Петковиќ ОУ„Христијан Карпош„ Умин Дол, Хабибе Мурати ОУ„Јероним Дерада„ Черкеско село, Жарко Атанасовски ОУ„Крсте Мисирков„, Драгана Селмани ОУ„Наим Фрашери„, Адријана Спиревска ОУ„Магдалена Антова, Драгана Спасовска и Аделина Рамадани ОУ„Кирил и Методи„ Романовце и Небојша Тодоровиќ ОУ„Кочо Рацин„.

    За ученици на генерацијата од средните училишта прогласени се: Николина Смилевска „Наце Буѓони„ и Инес Димитриевска „Перо Наков„, додека за гимнaзијата и земјоделското училиште не беа наградени.

    Во Младинскиот културен центар беше изведена богата културна програма од ученици,  а манифестацијата убаво организирана, па присутните не го криеа нивното задоволство.

    Во Куманово има 2000 просветни работници и над 24 илјади ученици.