×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Старите жардиниери вратени на реконструираниот плоштад, нови не биле предвидени во проектот

    29.01.2025 08:57 | KumanovoNews

    На малиот плоштад пред Центарот за култура во Куманово вратени се старите бетонски жардиниери.

    Старите жардиниери вратени на реконструираниот плоштад, нови не биле предвидени во проектот

    Од Општина Куманово велат дека во договорот за малиот плоштад не се предвидени нови жардиниери, па затоа се поставуваат оние кои се користеа и пред реконструкцијата. 

    „Направен е превид во проектната документација, не станува збор за заштеда на средства или нешто слично“, велат надлежните.

    Ова не е прв пропуст во проектот за реконструкција на малиот плоштад, пред 6 месеци беа побарани дополнителни средства за набавка на нови канделабри, како и поставување на нова атмосферска и електрична инсталација, кои исто така не биле предвидени во проектот.

    Проектот за конзервација, реставрација, санација и адаптација на плоштад „Нова Југославија„ и улица „Плоштад Маршал Тито“, во Куманово е донација од фирмата „ГЕО КОМ“ ДООЕЛ Делчево, со кој Општината кажа дека заштедила 1,5 милиони денари или 25.000 евра. 

    Реконструкцијата на плоштадот започна пред една година, чини над 840.000 илјади евра, a ја врши фирмата „Ленди Груп“ од Скопје. Првиот договор чинеше 47.6 милиони денари или 774 илјади евра, а потоа беа издвоени уште 4 милиони денари или 65.000 евра за ставките кои не биле ставени во првичниот договор.

    Градежните работи на плоштадот не се завршени, а веќе два месеци нема работници на терен, ниту е познато кога ќе се продолжи со работа.

    „Изведувачот ни кажа дека до втората половина на февруари нема да се започне со работа, но дали потоа ќе продолжат не знам. На фирмата се исплаќа по завршена работа, има рокови, ако сака да наплати, ќе мора да сработи“, велат од Сектор за комунални работи.

    Од она што може да се види, на една пристапна патека воопшто не се поставени плочки, не е монтирана урбаната опрема, фали хортикултурно уредување и  нови дрвца. Предвидена е и опремата за детско игралиште, 32 декоративни шаховски фигури, челични штитници за дрвја од метална рамка, шестоаголна клупа околу дрво, сет клупа со жардињера и корпи за отпадоци. 

    Граѓаните и советниците од опозицијата веќе подолго време негодуваат поради динамиката и квалитетот на изработката на плоштадот. Тие посебно имаат забелешки за гранитните плочки кои се со различна боја и големина, повеќето се оштетни и не се поставени во иста висина. Дополнително разочарување се бетонските жардиниери, кои не се вклопуваат во просторот кој е со гранит.