×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Втор обид за продажба на ФЗЦ по многу пониска цена

    09.03.2015 13:36 | KumanovoNews

    Акциите на кумановската фабрика за цевки ФЗЦ “11 Октомври“,  по втор пат се огласени на продажба, откако во декември лани ниту еден инвеститор не покажа интерес да стане доминантен сопственик на компанијата, пишува “Капитал“.

    Втор обид за продажба на ФЗЦ по многу пониска цена

    Се продаваат 234.158 обични акции со право на глас што се во сопственост на Експорт импорт банка, која е во стечај, по почетна цена од 500 денари. Тоа е шест пати пониска цена во споредба со претходниот оглас, кога истите акции се понудија на продажба по 51,13 евра. Тоа значи дека на јавното наддавање на 24 март, доколку има само една понуда и таа биде прифатена по почетната цена од огласот, инвеститорот ќе треба да одвои 1,9 милиони евра за да стане доминантен сопственик на оваа кумановска компанија, пренесува “Капитал“.