×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Второ место за фризерско студио „Нате“ на Интернационален фестивал во Рим

    06.12.2021 12:27 | KumanovoNews

    Сопственичката на Фризерско студио „Нате“ и Академија „Нате“, Наташа Додевска, освои второ место за вечерна фризура на Интернационален фестивал во Рим, Италија.

    Второ место за фризерско студио „Нате“ на Интернационален фестивал во Рим

    Додевска раскажува дека за учество на овој фестивал се подготвувала веќе две години, но поради пандемијата учеството го пролонгирала. 

    „На фестивалот учествуваа преку 300 фризери од цела Европа, а имаше преку 3000 посетители во публиката. Поради големата конкуренција се работеше под притисок, но сепак се исплатеше, поради постигнатиот резултат. Многу сум горда на својот успех. Овој период е многу значаен за мене. Годината ќе ја паметам по големите резултати во мојата кариера. Од академија излегоа 40 фризери што покажува дека младите имаат желба да го учат овој занает и да градат кариера во фризерството“, вели Додевска. 

    Студио „Нате“ неодамна освои две први места на меѓународно натпреварување во Софија, Бугарија.