Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во средните училишта денеска и утре е второто пријавување од првиот уписен рок, за упис на ученици во прва година.
Документи ќе се примаат од 8 до 15 часот, а резултатите ќе бидат објавени задутре. Во Гимназија “Гоце Делчев“ има 94 слободни места, во “Наце Буѓони“ има 430 слободни места, а во Земјоделското “Киро Бурназ“ и “Перо Наков“ имаат слободни места за сите образовни профили.
Учениците веќе почнаа да доаѓаат, да поднесуваат документи. Очекуваме оние кои се одбиени од Гимназија, да се запишат кај нас. За медицинска струка чекаме одобрение од МОН за смалување на поени - рече Драган Јаневски, заменик директор во „Наце Буѓони“.
Учениците кои нема да се запишат сега, трета шанса имаат во август.