×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • “Вук Караџиќ“ ја обнови наставата на српски јазик

    07.09.2012 11:46 | KumanovoNews

     По пауза од четири години ОУ “Вук Караџиќ“ од Куманово ја обнови наставата на српски јазик.

    “Вук Караџиќ“ ја обнови наставата на српски јазик

    Според статутот, училиштето е регистрирано да врши настава на српски и македонски јазик и е единствено од ваков тип на територијата на град Куманово.

    Првачињата во учебната 2012/2013 година ги дочекува високостручен наставен кадар, но и бројни новини во самиот наставен процес. Училиштето обезбеди простор за целодневен престој, книги на српски јазик, но и превоз за оние ученици кои живеат во подалечни делови на градот. Учениците кои ќе ја следат наставата на српски наставен јазик, освен што ќе се стекнат со знаење на два јазика, својот мајчин и македонскиот јазик, ги очекуваат и летни кампови, но и можност своето понатамошно образование да го продолжат во Р. Србија - рече Надица Петровска, директор на ОУ“Вук Караџиќ“.

    За да се обезбеди што поголем број на ученици, менаџерскиот тим на ОУ “Вук Караџиќ“, го продолжи уписот за првачиња на српски наставен јазик до крајот на месецот.