Херољинд Сакипи нов директор во Центарот за јавно здравје Куманово
        06.08.2024 16:06
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      За в.д. директор во Центарот за јавно здравје Куманово е назначен Херољинд Сакипи.
 
                  Сакипи по професија е правник, досега работел во Управата за имотно-правни работи, одделение Куманово.
Тој доаѓа на местото на д-р Ариф Латифи, специјалист по хематологија.
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари именуваше нови в.д. директори во повеќе јавни здравствени установи во државата.



 
                   
                   
                   
                   
                   
                  




