×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Хоризонталното обележување на улиците во Куманово ќе чини 50.000 евра

    01.08.2024 15:33 | Оливера Пешевска

    Хоризонталното обележување на улиците во Куманово чини близу 3 милиони денари, односно нешто помалку од 50 илјади евра. Општина Куманово склучи договор со фирмата „Виа Сигнал“ од Скопје преку поедоставена отворена постапка на оглас, распишан на 10 јуни годинава.

    Хоризонталното обележување на улиците во Куманово ќе чини 50.000 евра

    Фирмата изведувач презела обврска за обележување на пешачки премини, стоп линии и обележување на велосипедски патеки со црвена боја, маркација на такси и автобуски стојалишта, како и паркинг простори и други ознаки на коловозите.

    Јавноста често реагира на квалитетот на изведување на работите- исцртаните линии пребрзо се бришат или избледуваат.

    „Се обидуваа луѓето со неколку типови на боја од разни произведувачи и со различен квалитет, сите според нормативи за ваква работа, но на задржување на бојата има и неколку други, надворешни фактори на кои изведувачот не може да влијае“, објасни Лидија Ланг Спасовска, раководителка на Секторот за комунални работи.

    Ова се два последователни договори за истиот изведувач, минатата година во септември е склучен договор со вредност од близу 2 милиони денари.

    Во докуметацијата на Бирото за јавни набавки стои дека од сега натаму ќе се обележуваат 8.000 м2 пешачки премини, додека во минатиот договор биле прецизирани 5.000 квадратни метри. Големо зголемување на површината на која треба да се работи има и кај велосипедските патеки, предвидени се 1.440 м2, наспроти 900 во минатиот договор. Обележувањето на разделна линија и разделна паркинг линија е зголемена на безмалку 18.000 метри, додека досега било предвидено да се исцртаат 11,21 илјади метри. Договорот предвидува и додаток за работа во трета смена, односно ноќе, но тоа е минимален трошок од околу 450 евра.

    Објавениот оглас нема дефиниран временски рок, тој е активен до исцрпување на предвидените финансиски средства. На изведувачот парите се исплаќаат по доставување на фактура за извршени работи по барање на општинските служби.