×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Хуманитарен базар во Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово

    07.03.2024 13:24 | Теодора Стоевска

    Учениците од училишниот клуб на Црвен крст при Гимназија „Гоце Делчев“ денеска организираа хуманитарен базар во холот на гимназијата.

    Хуманитарен базар во Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово

    По симболични цени продаваа рачнo изработени предмети од учениците.

    „На базарот може да се купат уникатни изработки на учениците, како платна, плетени и ткаени работи, ланчиња, бележници за книги, честитки, а сите присутни ќе можат да се освежат со пијалак, закуска и палачинки“, истакна Ива Додевска, координаторка на училишниот клуб.

    Собраните средства од овој базар со хуманитарен карактер ќе бидат искористени за купување ваучери од разни салони за убавина и бутици во градот, кои ќе бидат подарени на матурантите од социјално загрозените семејства, со цел да им се помогне во олеснување на трошоците за матурската забава.

    Базарот е отворен од 9 до 15 часот.

    Училишниот клуб на Црвен крст,  најавуваат низа активности и со другите училишни клубови, меѓу кои и настанот по повод Денот на жената, кој ќе се одржи утре заедно со учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“ во малата сала на училиштето.