Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружение на граѓани за поддршка на семејства на лица со автоимуна болест - „Позитиво МС“ од Куманово, утре организира хуманитарна акција за собирање на средства за помош на лицата заболени од мултипла склероза (МС)
Акцијата ќе се одржи во локалитет Касапски круг со почеток во 13 часот.
Предвидена е трибина со учество на стручни лица, кои ќе зборуваат за потребата на лицата од оваа болест, а ќе се продава и рачно изработен накит, средствата кои ќе бидат собрани ќе се донираат заболените од мултипла склероза.