×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Хуманитарната мисија на Дедо Мраз на мотор по 17 пат во Куманово (видео)

    25.12.2024 13:20 | Оливера Пешевска

    Акцијата „Дедо Мраз на мотор“ ја продолжи хуманитарната мисија по 17 пат, во организација на Мото клубот „Мечки“. 

    Сопствениците на мотори направија дефиле низ градот и приредија мала забава на платото пред Центарот култура. Помошта и ова година е наменета за Дневниот центар на лица со посебни потреби, кај поранешен „ЧИК“.

    За поголема приватност на штитениците обезбедена е фолија за прозорците и вратите, која веќе е залепена од членови на клубот.

    „Помошта се обезбедува со сопствени финансиски средства на клубот, исклучиво според листата на желби на центарот, односно она што во моментот им е итно и неопходно. Имаме и за нив слатки изненадувања, а посетителите на малиот плоштад ги почестивме со чоколатца, наполитанки. Имаме и мала помош, доброволни донации од хуманитарци во градот“, истакна моторџијата Давор Петрушевски.

    Колоната пристигна на плоштадот по што со насобраните граѓани и нестрпливите дечиња членовите на МК „Мечки“ се сликаа, со неизбежна насмевка на лицата. Учениците од „Кочо Рацин“ настапија во кореографија „Весела шума“, подготвена во „Скил фектори“, а своја точка имаше и училишниот хор „Рацинови“ и ритмичка група. Беа присутни и аниматори на штули, кои се приклучија на забавата.

    Ова година учествуваа повеќе некаде околу 25 членови на клубот, но нешто подоцна им се придружија и други сограѓани, љубители на мотори, како и гости од Скопје.

    На настанот беше повторена обврската за задолжително носење на заштитна опрема и почитување на законските правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.    

     

    Хуманитарната мисија на Дедо Мраз на мотор по 17 пат во Куманово (видео)