×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За 15.287 ученици во Куманово заврши учебната година

    10.06.2021 11:50 | KumanovoNews

    За вкупно 15.287 ученици од основните и средни училишта во Куманово, денеска заврши учебната година. Од нив 10.307 се од основните училишта и 4.980 од средните училишта во Општина Куманово.

    За 15.287 ученици во Куманово заврши учебната година

    „Денеска заврши наставата за учениците од прво до деветто одделение за основните училишта и од прва до трета година за учениците од средните општински училишта. Во глобала специфична учебна година во кој со физичко присуство настава следеа учениците од прво до трето одделение од основните училишта и практична настава за учениците од средните училишта, нормално во согласност со здравствените протоколи за заштита од ковид-19 вирусот, додека сите други настава реализира по пат на учење од далечина -  онлајн настава.  Во текот на учебната  година имаше протешкотии во реализација на наставата од типот на: здравствени проблеми, технички проблеми, немање ИТ  уред, нестабилна конекција на интернет и сл“, изјави раководителот на Секторот за образование Александар Јовановиќ.  

    Согласно одлуката на МОН оваа учебна година не се реализира: ексукрзиите, излетите и наставата во природа за основните училишта, исто така поради мерките за заштита од ковид- 19 вирусот кои беа активни на 20 мај изостанаа организираните матурски прослави во локалните ресторани.  

    Се очекува до крајот од месецот јуни да се знае како ќе започне учебната 2021/2022 година, дали со физичко присуство, далечинско учење – онлајн настава или комбиниран метод.