×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За 40 отсто поголема реализација во расчистување на делата од организиран криминал во Куманово, кажа Спасовски

    11.12.2023 11:19 | Оливера Пешевска

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со дел од раководството на МВР и Бирото за јавна безбедност, денеска во Куманово остварија работна средба со раководствата на СВР Куманово, СВР Тетово и на Регионалниот центар за гранични работи Север за да се запознаат со резултатите од постапувањето на полициските службеници по поставените стратешки приоритети и цели, со цел зголемување на безбедноста во заедницата.

    За 40 отсто поголема реализација во расчистување на делата од организиран криминал во Куманово, кажа Спасовски

    „Радува податокот што на подрачјето на СВР Куманово во изминатите 10 месеци имаме намалување на бројот на кривични дела за 22 проценти, споредено со истиот период лани, а паралелно со ова намален е и бројот на пријави во областа на јавниот ред и мир за 12 проценти. Кај класичниот криминалитет се бележи намалување на бројот на кривични дела за 17%, а намалување од 58% е евидентирано кај економскиот криминалитет. Во областа организираниот криминал имаме за 40% поголема реализација во расчистувањето на овие кривични дела”, истакна министерот Спасовски во изјава за медиумите по остварената средба. Притоа, тој сподели информации за резултатите во делот на недозволена трговија со дрога.

    „Според споделените податоци на средбата, СВР Куманово интензивно работеше и во борбата за недозволена трговија со дрога, за што говорат 52 претреси во домови и други простории, поднесени 44 кривични пријави против 47 сторители и запленети разни видови дрога: марихуана, хероин, кокаин, хашиш, амфетамин, МДМА, семки од растението канабис сатива. Посебно добри резултати се постигнаа со реализацијата на активностите одоперативниот план 'Безбедно лето 2023'”, рече министерот Спасовски.

    Во областа на превенцијата, Спасовски истакна дека СВР Куманово има реализирано 1.505 превентивни активности на теми: „Полиција и граѓаните“, „Безбедни училишта“ „Кажи НЕ на дрогата, ДА на животот“, „Безбедно во сообраќајот“ итн.