×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За 5-10% намалени цените на основните производи, тврди Владата

    16.06.2022 15:23 | KumanovoNews

    Цените на основните производи се намалени за 5 до 10%. Корекција на цените се прави од денес, а ќе продолжи и во претстојните денови. Најголемо намалување се очекува кај маслото за јадење и до 10%, понатаму кај тестенините, како и на сите останати основни производи опфатени во владината одлука, тврди Владата, која додава дека одлуката за замрзнување на маржата на одредени производи со цел да се ограничи растот на цените веднаш дала резултати. 
     

    За 5-10% намалени цените на основните производи, тврди Владата

    Владата континуирано ја следи состојбата и во услови на најавени нови покачувања на цените на производите интервенираше веднаш за да го заштити стандардот на граѓаните. Заклучно со 30 септември 2022 година за леб, бел сечен на парчиња или цел, шеќер бел како и сончогледово масло за јадење, се утврдува трговска маржа во висина до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало. За брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% и јајца од кокошка за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува трговска маржа во висина до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало.

    Во периодот кој следи, интензивно продолжуваат контролите за трговците, со цел да нема  драстично зголемување на маржите и истите соодветно да се санкционираат.

    Владата и во иднина ќе ја следи состојбата и доколку условите на пазарот налагаат, ќе се разгледа можноста одлуката да продолжи до крај на 2022 година, соопшти Владата.