×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За 7 милиони денари зголемена главнината во “Куманово - гас“

    11.02.2015 14:48 | KumanovoNews

    За 7 милиони денари е зголемена основната главнина на јавното претпријатије “Куманово гас“. Парите ќе бидат вложени за изградба на гасификациона мрежа.

    За 7 милиони денари зголемена главнината во “Куманово - гас“

    Оваа одлука денеска беше изгласана на седница на Советот на општина Куманово. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не е во ред секоја година на претпријатијето да му се зголемува главнината, бидејќи тоа треба веќе да застане на свои нозе.

    “Не знаеме што сака да постигне општината со оваа одлука. Секоја година ја зголемуваме главнината со 5, 10, 15, а сега со 7 милиони денари. Сите знаеме дека “Куманово-гас“ е загубар и не може ни плати да исплати. Велите дека е во фаза на формирање. Па до кога ќе се формира, не може тоа да трае 10 години“ - рече советничката Христина Краиновиќ, од ВМРО - ДПМНЕ.

    Советникот од СДСМ, Александар Арсиќ смета дека гасификацијата на Куманово е исплатлива инвестиција која долгорочно ќе даде резултати и затоа нивната советничка група даде подршка на предлогот.

    На иста линија е и директорот на “Куманово - гас“, Драган Петровски, кој ги наброја десетината институции кои веќе се приклучени на гас и објасни дека целиот процес чини скапо.

    “Нас ни треба поддршка од општината. Не можам да дадам рамка, да претпоставам кога Куманово ќе се гасифицира затоа што градот се шири. Еден мерач чини 400 до 450 евра, треба да се направи проектна документација. Овие 7 милиони денари не се којзнае какви пари за градба на гасификација“- објасни Петровски.

    И покрај негодувањата на дел од советниците, мнозинството даде поддршка на одлуката да се зголеми главнината на ова претпријатије.