Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Синдикалната кошничка поскапела за 6.089 денари, што е зголемување од 10,63 проценти за една година.
Синдикалната кошничка поскапела за 6.089 денари, што е зголемување од 10,63 проценти за една година. Според Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ) инфлацијата во земјата не може да изнесува 3,5 посто ако вредноста на минималната кошничка што ја пресметуваат е поголема за повеќе од 10 проценти.
„Ова не значи дека живееме многу добро и имаме многу добри плати, па пазариме и со тоа ја подгреваме инфлацијата, туку трговците се алчни и се богатат на грбот на работниците со тоа што го користат секој момент за дополнително да се збогатат. Дури и се сомневаме дека она што го ветуваат дека во наредните месеци ќе го задржат нивото на цените на основните прехранбени производи, е мамка да не ги намалат цените на производите кои на светските берзи бележат намалување“, истакна Слободан Тредафилов, претседател на ССМ.
Тој нагласи дека има зголемување од 123 денари кај 63 основни производи кои ги пресметува ССМ во синдикалната минимална кошничка.Додека светските берзи бележат намалување на цената на житото, а кај нас лебот поевтинил за само 1 денар. Не се забележани намалени цени ниту кај брашното, оризот, тестенините, солта, шеќерот, јајцата, зејтинот, путерот, сирењата.
Според синдикалните пресметки синдикалната кошница за јануари чини 63.252 денари, а поскапувањето во јануари во однос на претходниот месец е 391 денар и покрај фактот дека до 15-ти важеа цените за владината мерка „Новогодишна кошничка“.
„Синдикалната минимална кошничка е можеби едиствениот релевантен податок кој го пресметува ССМ и кој покажува дека платите мора да се зголемат дури и за најмалку 20 проценти имајќи предвид дека трговците во маркетите секогаш прават тие да се зголемат за најмалку 20 проценти. Сметаме дека нашето барање за раст на платите, вклучително и на минималната, е издржано од овие анализи коишто ги презентираме“, потенцираше Трендафилов.
ССМ најави дека јавно ќе ги објави завршните сметки и добивките на големите синџири маркети за граѓаните да видат колку тие се збогатиле на нивен грб.
Трендафилов упати апел до Владата повеќе да не ги консултира трговците за мерките што ги носи.