×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За една недела казнети 122 возачи, 14 пешаци и 6 мотоциклисти во Куманово

    21.04.2022 12:31 | Сузана Николиќ

    Во текот на изминатата недела, СВР Куманово продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што санкционираше 142 учесника во сообраќајот. 

    За една недела казнети 122 возачи, 14 пешаци и 6 мотоциклисти во Куманово

    Најголем број се возачи, кои ги управувале своите возила со преилагодена брзина, но казни заработија и пешаци и возачи на мотори.

    „На подрачјето на Куманово изречени се вкупно 142 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 83 санкции, 24  санкции за возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, 11 за управување возило без возачка дозвола, 14 за пешаци кои не ги почитувале сообраќајните прописи, 6 санкции за мотоциклисти за неносење заштитен шлем и 2 санкции за возачи кои управувале нерегистрирано возило“, соопштува МВР. 

    Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.