Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во текот на изминатата недела СВР Куманово продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот.
На подрачјето на Куманово изречени се вкупно 195 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 172 санкции, 2 санкции за возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, 16 за управување возило без возачка дозвола, 5 за нерегистрирано возило.
„Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопштува СВР Куманово.