Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
О.Е.(27) од с.Романовце се заканил дека ќе ги убие вработените во ЈП „Куманово-паркинг„ и им го скршил ретровизорот на службеното возило, затоа што морал да плати казна за паркинг.
Инцидентот се случил минатиот месец на ул. „Илинденска“, откако пријавениот го пречекорил времето за паркирање на неговото патничко возило „ауди“. Тогаш вработените во ЈП„Куманово паркинг“ му поставиле блокатор на возилото. По кратко време пристигнал сопственикот на возилото и ја платил казната, но се изнервирал и им се заканил на четворицата вработени дека ќе посегне по нивните животи. На заминување скршил ретровизор од службено возило на ЈП „Куманово паркинг“.
О.А. ќе одговара а сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.