×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „За кого бијат камбаните“ премиера на Кумановскиот театар

    02.05.2023 21:55 | Оливера Пешевска

    Кумановскиот театар утревечер премиерно ќе ја изведе претставата „За кого бијат камбаните“ по текст на Ернест Хемингвеј, во режија на Мартин Кочовски.
     

    „За кого бијат камбаните“  премиера на Кумановскиот театар

    Со оваа претстава започнува и официјалното одбележување на јубилејот 75 години од постоењето на Театар Куманово.

    „Претставата е огромна, бара многу енергија но мислам дека успевме. Ова е епска, грандиозна претстава која зборува за светската тага, за длабокиот хуманизам во најлошите времиња и мислам дека ќе допре до публиката,и емотивно и возбудувачки“ ,истакна режисерот Кочовски.

    Актерите имаат  задача да се обработи еден безвременски текст посебно од перото на големиот писател.

    „Хемингвеј многу ми значи и ми е многу интересен зашто таму може да го видите неговиот слободен дух, бунтовен светоглед и неговиот генијален хумор“, објасни драматургот Лидија Митоска - Ѓорѓиевска.

    Во претставата играат сите актери на кумановскиот театар: Александра Михајловска, Александра Пешевска, Антонио Димитриевски, Владо Дојчиноски, Горан Илиќ, Давид Илиќ, Дубравка Киселички, Жарко Јовановиќ, Нина Максимова, Кети Дончевска-Илиќ, Мирослав Петковиќ, а им се придружуваат и тројца млади кадри како гости:Мишо Димитријевски Шипе, Јанка Лефкова и Чедомир Митевски.

    „Мене многу ми е кеиф што по 20 години работевме со режисерот Мартин Кочовски,кој сака големи теми. А особено причинува задоволство кога во вас како екипа ќе препознае дека сте подготвени и можете да одговорите на еден таков предизвик.Т оа нашиот ансамбал го покажува и докажува, млада група на луѓе,актери,соработници кои безрезервно влегоа во целиот овој процес, без никакви дилеми и без никакви сомневања и беа подготвени да го истераат до крај и покрај сите предизвици“, изјави актерката Кети Дончевска Илиќ.

    Актерот пред пензија смета дека нема многу куршуми до крајот на ова негова, уметничка војна и секој куршум би требало да погоди точно во целта.

    „Многу ми беше важно со една ваква претстава да го заокружам она мое, скоро петдецениско живеење на сцените на македонскиот театар, значи не само во Куманово, туку и низ цела Македонија. Вакви големи теми му даваат енергија на актерот и за следните роли. Многу беше битно да се собере една голема екипа, да се ангажира еден голем режисер, за сите нас“, потенцираше Горан Илиќ.

    Премиерата е утревечер со почеток во 20 часот во Центарот за култура. Првата реприза ќе се одржи следната недела.