×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „За наше Куманово“ протестираше против францускиот предлог

    15.07.2022 09:33 | Сузана Николиќ

    Членовите на Здружението „За наше Куманово“, синоќа, организираа протест против француската предлог - преговарачка рамка за пристапување на Македонија кон Европската Унија.

    „За наше Куманово“ протестираше против францускиот предлог

    Протестот почна од улицата „Ленинова”, а заврши пред споменикот “Македонка“ на градскиот плоштад.  На присутните им се обрати градоначалникот Максим Димитриевски, кој порача дека не смее да се преговара за македонскиот јазик и идентитетот. 

    „Никој не ви дозволува и не ви дава право да отворите тема и да разговарате за името и идентитетот и да давате гаранции, бидејќи ние се бориме за вредностите на Европа, за вредностите на Шуман, за Европа отворена за сите, без уцени, наметнувања, притисоци, без ултиматуми и без предлози. Ние се бориме за обединета Европа, затоа што сметаме дека секој има индивидуално право да се произнесе како што се чувствува и го говори својот мајчин јазик којшто го има наследено од своите предци“, порача Димитриевски.