×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За неполни два месеци 92 пожари во Кумановско

    27.02.2024 15:45 | Оливера Пешевска

    Територијалната против пожарна единица (ТПЕК) Куманово, од почетокот на годината има полни раце работа, бидејќи само во фебруари се изгаснати 59 пожари. 

    За неполни два месеци 92 пожари во Кумановско

    Тоа е екстремно висока бројка, со оглед на тоа што се работи за зимски период.

    Пожарникарите велат дека најголем предизвикувач на пожарите е човекот, и постојано апелираат за поголема внимателност на граѓаните. 

    „Не паметам ваков почеток на годината, имаме премногу интервенции за неполни два месеци. Фебруари не е завршен, има уште 4 дена па и бројката не  е конечна. По правило, човечкиот фактор е најзастапен како предизвикувач. Повторно апелираме за поголема внимателност при движење во ненаселени места, да не се фрлаат догорчиња и отпушоци, да не се пали оган на отворено и да се алармира до нашата служба, секогаш кога граѓаните ќе забележат и најмал чад или пожар“, истакна командирот Деан Илиевски.

    Во јануари пожарникарите бележат 33 интервенции, а со зголемувањето на денот и речиси пролетните температури таа бројка евидентно е зголемена. Улога имаат и временските услови, релативно сувата вегетација поради малиот број на врнежи во зимскиот период.

    На територијата на Македонија се забележани 507 пожари на отворено, а слична е и ситуацијата во поширокиот регион. 

    Предизвикување на пожар е кривично дело за кое е предвидена затворска казна до 8 години согласно член 227 од Кривичниот законик, зависно од видот на пожарот, причините за неговото настанување и другите околности и последици.

    Противпожарната единица Куманово ја покрива и Општина Липково, а по потреба помага и во општината Старо Нагоричане, која има своја противпожарна служба.