Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Мирно, без поголеми инциденти и прекршување на јавниот ред и мир поминале новогодишните празници, информираат од СВР Куманово.
За време на новогодишната ноќ физички биле нападнати 4 лица во село Гиновци, Ранковце, а регистрирани се и уште 17 други настани.
„ Новогодишната ноќ на подрачјето на СВР Куманово помина мирно. Регистрирани се 18 настани, а најкарактеристичен е физичкиот напад пред угостителски објект во село Гиновци каде четири лица биле нападнати со остар и тврд предмет. Исто така, од слобода било лишено едно лице за издржување на казна затвор и било спроведено во затворот Идризово, се случиле и три сообраќајни незгоди со телесни повреди, а не се регистрирани прекршоци“, соопштуваат од полицијата.