Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
За два денари по литар се намалуваат цените на Еуросупер бензините од 95 и 98 октани, Еуродизел горивото и Екстра лесното масло за горење, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Намлувањето во просек изнесува 2,12 проценти во однос на досегашните цени на нафтените деривати.
Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 77,50 (денари/литар)
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 79,50 (денари/литар)
- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 69,50 (денари/литар)
- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 69,00 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 46,295 (денари/килограм)
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар бележат намалување. Улога во формирањето на цените има и податокот што курсот на доларот во однос на денарот е за 0,807 посто помал во однос на претходната пресметка.