×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За само три години станавме лидер во регионот во енергетски сектор, рече Павловски

    03.07.2020 11:12 | KumanovoNews

    Го намаливме приклучокот за електрично броило, воведовме евтина тарифа за електрична енергија, секој ден од 14 до 16 часот и во недела цел ден, ги ослободивме од плаќање на надоместок оние потрошувачи кои беа исклучени од системот на топлинска енергија. За само 3 години сликата е сосема променета, рече на денешната прес-конференција Зоран Павловски, кандидат за пратеник од СДСМ, во ИЕ2.

    За само три години станавме лидер во регионот во енергетски сектор, рече Павловски

    Тој ги презентираше проектите со кои СДСМ за само три години, како што вели тој, го има тргнато енергетскиот сектор од маргините.  Како што рече, во 2018 години се донел законот за енергетика, моментално се градат фотоволтаични централи на државно земјиште на две локации: Амзабегово-Свети Николе, Манастирец - Македонски Брод, а на 23 локации се градат фотоволтаични централи на приватно земјиште со инсталирана моќност од 21 mw/h.

    „Со законот за енергетика, се утврдени правилата за организација и структура на пазарите на електруичната енергија и природен гас. Денес на пазарот на електрична енергија има околу 35 лиценцирани снабдувачи со електрична енергија и 61 лиценциран трговец со електрична енергија, Законот ја овозможи и реформа во потикнување на инвестиции во обновливи извори на енергија, така да се доделување на договори за право на користење на премија за електрична енергија Во 2019 год. на пазарот на енергија се активни 11 снабдувачи, вклучувајќи го снабдувачот кој обезбедува универзалната услуга, снабдување со електрична енергија во краен случај, додека 21 трговец е активен на пазар на големо со електрична енергија. Република Северна Македонија е едно големо градилиште и во моментот се градат фотоволтаични централи со инсталирана моќност од над 60mw/h“, потенцираше Павсловски.

    Тој како дел од проектите, ја спомена и мерката за замена на ПВЦ или алуминиумски прозорци, мерката за субвенционирање на печки на пелети, а преку мерката за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви колектори се субвенционирани 2365 домаќинства, за кои се исплатени 22 милиони денари.

    Како што додаде Владата на СДСМ придонесува и со проектот за намалување на потрошувачката на енергија во јавниот сектор и подршка за воспоставување и операционализација на одржлив механизам за финансирање на енергетска ефикасност во јавниот сектор.

    „Тука се опфатени пет пилот единици на локална самоуправа и тоа, Валандово, Македонска Каменица, Радовиш. Василево и Чешиново-Облешево. Целиот проект е во вредност од 25 мил. евра и треба да се имплементира до 2023год. Со проектот за проектирање и поставување на фотоволтаични системи во општините сe опфатени 36 општини и 108 јавни објекти вредност 1.8мил. евра. И за на крај да најавиме и еден проект кој ги тангира студентите. А со цел да се подобри местото за престој и учење на студенти. Рок на завршување е до 2024год. Вредност на пректот изнесува 25 милиона евра“, рече тој.

    Со овие мерки, вели кандидатот за пратеник Спасовски, покажуваат дека можат уште подобро и уште посилно, затоа што од изолирана земја во енергетски сектор само за три години станале лидер во регионот во енергетскиот сектор.

    (Ф.Марковска)