×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За три години рециклирани 10 милиони пластични шишиња и лименки во земјава

    31.05.2024 11:28 | KumanovoNews

    Десет милиони шишиња и лименки се собрани во повратните вендинг машини на „Пакомак“ од нивното поставување во 2021 година. Пластичните шишиња и лименки кои се одложуваат во повратните вендинг машини потоа повторно се рециклираат во амбалажа.

    За три години рециклирани 10 милиони пластични шишиња и лименки во земјава

    „Ова е голем успех на сите наши сограѓани. Среќни сме што за три години ја постигнавме оваа бројка. Собраните шишиња и лименки во вендинг машините се чист отпад, кој потоа може да се рециклира и повторно да се искористи за добивање на пластично шише за пијалок. Важно е дека граѓаните ја препознаваат потребата за паметно управување со отпадот и дека одвојуваат од своето време за рециклирање. Во оваа прилика, изразуваме голема благодарност до Швајцарската амбасада за долгогодишната и континуирана поддршка“, велат од „Пакомак“.

     Во Куманово компанијата „Елида Маркети“, направи значаен чекор кон промовирање на селектирањето отпад со набавка на вендинг машина од Пакомак. Со тоа им овозможија на граѓаните во Куманово, дополнителна можност за селективно одложување на пластичните шишиња и лименките. 
     
    Со рециклирањето и повторното производство од едно пластичното шише се заштедува околу 60% од емисиите на јаглерод диоксид во воздухот.

    Од „Пакомак“ велат дека и понатаму продолжуваат со ширење на мрежата и поставување на нови повратни вендинг машини низ земјата, како и континуирано да превземаат едукативни акции и кампањи со цел подигнување на јавната свест и едукација за здрави зелени навики и паметно управување со отпадот. 

    (извор.сдк.мк)