×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Продолжен рокот за пријавувањето на проекти од културата во Општина Куманово

    22.10.2024 14:59 | Оливера Пешевска

    За уште две недели се продолжува рокот на јавниот повик на Општина Куманово за прибирање на предлог- проекти за организирање културни манифестации во наредната 2025 година.

    Продолжен рокот за пријавувањето на проекти од културата во Општина Куманово

    До 5 ноември сите заинтересирани можат да ги достават потребните документи до јавната администрација.

    Критериумите и потребните документи се јавно објавени и достапни на сите заинтересирани.

    „Се продолжува рокот затоа што имаме повеќе организации кои имаат проблем со обезбедување на некои документи- за да бидат комплетни и за да дадеме шанса на многу нови организации и нови млади лица да допринесат културните знаменитости во овој град да се зголемат. Им излегуваме во пресрет и сакаме да имаме многу повеќе проекти, најдобрите ќе бидат изберени и ставени во програмата за новата 2025 година“, објасни раководителот на Секторот за култура Александар Крстевски.

    Повикот се однесува на јавни установи, здруженија, фондации и други правни лица кои имаат цели, задачи или регистрирана дејност од областа на културата или социјално-хуманитарна дејност, а кои имаат нови идеи и проекти кои ќе го збогатат културниот живот во градот. Надлежните сметаат дека досега се покажач како добра практиката на ваков начин да се поддржат културните настани во градот, а сметаат дека ова е алатка за транспарентност во креирање на Програмата за културни манифестации.

    Финансиската рамка за доделени средства преку овој јавен повик ќе биде дефинирана со донесување на Буџетот на Општина Куманово за 2025 година, а подетално за тоа со колку пари ќе располагаат за ова намена секторот ќе има информации во ноември.

    За Програмата за културни манифестации за тековната година од страна на Советот и Општината беа издвоени 20 милиони денари од буџетот.