Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во текот на изминатиот викенд СВР Куманово спроведе засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
„На територија на Куманово изречени се вкупно 131 казна, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 68 санкции, 25 санкции за возење под дејство на алкохол, 6 мерки за возење без возачка дозвола“, соопштува МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, додаваат од МВР.