Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во текот на викендот, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 82 возачи.
„Од нив 22 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 19 за управување возило без возачка
дозвола, 3 за нерегистрирано возило, 33 за некористење заштитен шлем-кацига, 1 за минување на затворен сигнал -црвено светло и 4 за возач почетник“, соопшти Кумановската полиција.
Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови, а полицијата апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, заради безбедноста во сообраќајот и посигурни патишта.