16. 10. 2020 12:40

Забрана на сите настани, работно време до 23 часот и редуциран јавен превоз, најави Филипче

Забрана на сите настани, работно време до 23 часот и редуциран јавен превоз, најави Филипче

  Целосна забрана на секакви настани, работно време  на економските оператори во 23 часот и редуцирање на јавен превоз до 50 посто, се дел од мерките на Комисијата за заразни болести кои ќе ги предложи до Владата во понеделник.

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција кажа дека новите мерки се општи и ќе опфатат повеќе сегменти за трансмисија на вирусот, бидејќи се зголемува бројот на заразени и има такви кои не знаат каде се заразени.

Овие мерки се дополнување на оние кои веќе чекаат законски измени, задолжително носење маски на отворено, забрането групирање по 22 часот и ограничување на домашните посети.

Некои од мерките ќе важат за целата држава, а дел само во некои општини.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk