Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По неколку пациенти дневно, со болки во градите и со главоболки побарале медицинска помош на одделенијата во Кумановската болница
Од почетокот на неделава 6 пациенти побарале медицинска помош поради болки во градите и 5 пациенти со мозочен удар. Лекарите велат дека во последно време кај младите зачестија инфарктите, а мозочните удари обично се јавуваат кај луѓето над 50 години.
Пациентите кои се пожалија на градна болка се пренесени во Општа болница и не можеме да бидеме сигурни дали се работи за инфаркт или некоја минлива состојба. Загрижувачки е што се тоа помлади пациенти кои претходно немале некои здравствени проблеми. Причината за почести инфаркти најверојтано е стрес. За мозочни удари може да влијаат и временските услови - вели Милена Спасовска, општ лекар во Брза помош.
Таа објаснува дека и наследниот фактор, неземањето на терапија, пушењето, лошата исхрана можат да доведат до појава на инфаркт.
Од Општа болница Куманово информираат дека неделава на интерното одделение регистрирале тројца пациенти со инфаркти, а на невролошкото одделение со мозочен удар се примени 5 пациенти од кои еден е хоспитализиран, а 4 се пратени дома. Тие нега ќе добиваат од домашна посета.