Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од месец март до крајот на годината матичните лекари ќе треба да посетат обуки за надградба на нивното знаење.
На предавањата ќе присуствуваат лекари од Куманово, Кратово и Крива Паланка.
Предавањата ќе бидат за викенди. Ќе има едукација за читање на ЕКГ во март, во мај ќе има едукација за тироидна жлезда. Другите две обуки ќе бидат за нефролошки болести и рано дијагностицирање на психичките состојби кај децата. Една тема ќе биде од Здружение на приватни лекари и допрва ќе видиме која ќе биде таа тема - изјави Фатмир Асани, претседател на матични лекари во Куманово.
Присуството на обуките е задолжително, во спротивно матичните лекари ќе бидат казнети од капитација.