Задолжително носење зимска опрема во возилата
14.11.2013 14:55
| KumanovoNews
Од утре па се до 15 март идната година, сите возила учесници во сообраќајот, задолжително ќе мора да носат зимска опрема.

Од МВР ги информираат сите учесниците во сообраќајот дека полицијата ќе ги контролира возилата и ќе ги исклучи од движење оние што не поседуваат зимска опрема.
Возачите кои не ја почитуваат оваа одредба од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата ќе платат казна од 15 евра.
Во интерес на безбедноста на сите учесници во сообраќајот од МВР апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните законски обврски.