14. 09. 2020 13:45

Заев ги повика бизнисмените да инвестираат во индустриската зона Речица

Заев ги повика бизнисмените да инвестираат во индустриската зона Речица

 Премиерот Зоран Заев, денеска беше во посета на индустриската зона „Новине“ во кумановското село Речица, при што ги повика домашните и и странски бизнисмени да не ја пропуштат можноста и да купат парцела по поволни цени за развој на својот бизнис на една од најатрактивните локации во државата, каде што се вкрстуваат коридорите 8 и 10.

„Ова не е само геостратегиски важно за нашата држава, ова е за целиот регион и верувам за Југоисточна Европа и претставува зона од непроценлива вредност за идниот развој на регионот и државата. Индустриска зона „Новине“ зафаќа површина од 65 хектари и се наоѓа на пет километри до границата со Србија. Таа има 51 градежна парцела со различна големина, урбанистички е уредена за лесна и незагадувачка индустрија, трговски единици, сместувачки капацитети, сервиси и стоваришта“ изјави Заев, кој заедно со градоначалникот Максим Димитриевски и министерот Оливер Спасовски изврши увид во изградбата на инфраструктурата во зоната.

Владата досега одвои финансиска поддршка од 24 милиони денари за инвестиции во примарната инфраструктура, пред се` за изградба на атмосферска канализација во  должина од 1000 метри, а во план е и асфалтирање на површина од 2.210 метри квадратни.

Премиерот Заев најави дека и во наредниот период Владата ќе го помогне во финасирање на проекти за развојот на зоната и на Општина Куманово.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk