Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претседателот на Владата Зоран Заев и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, денеска во 10 часот ќе извршат увид во градежните работи на пуштање на пристапен пат до индустриската зона „Новине“ во село Речица, Куманово.
Владата во декември 2018 година додели 20 милиони денари на Општина Куманово за инфраструктурно уредување на Индустриската зона во селото Речица. Со тоа ќе се создадат услови зоната да заживее и да биде примамлива за домашните и странски инвеститори.
Средствата се користат за изградба на водоводна и канализациона мрежа, атмосферска канализација, пречистителна станица и асфалтирање на улици.
Индустирската зона Речица е неменета за мали и средни претпријатија со лесна незагадувачка индустрија, а предвидена е и изградба на хотел. Се наоѓа покрај автопатото Куманово - Табановце, во близина на селото Речица. Формирана е пред десетина години, но без подршка на предходната централна власт не успеа да се развие и да стане атрактивна за инвеститорите.