Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Природната минерална вода на две чешми во селото Проевце не треба да се пие, бидејќи при последните анализи се пронајдени бактерии, тврдат од Центарот за јавно здравје.
Од вкупно шест чешми, загадени се првата и петата чешма кога се брои од кај Бањата.
Резултатите ги добивме завчера и во примероците земени од првата чешма е пронајдена бактерија ешерихијаколи, а во петтата има псеудомонасаерогеноса. Ешерихијаколи е бактерија од фекално потекло, а другата бактерија е патогена и може да предизвика труење и болести. - велат од Центар за јавно здравје.
Двете чешми од изворот кој е понастрана се исправни.
Од Центар за јавно здравје еднаш месечно земаат примероци за анализа од проевските чешми.
(фото архива)