Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Аерозагадувањето и управувањето со отпадот, како и сорабоката со младите беа главна тема на разговор при денешната посета на шефот на Делегацијата на Европската Унија во државата Дејвид Гир на Општина Куманово, при шт беше придружуван од Штефен Худолин, раководител на Секторот за соработка во европската делегација.
На средбата со градоначалникот Максим Димитриевски се разговараше за поддршката на ЕУ на Куманово и досега реализираните и планирани европски проекти, меѓу кои и за регионалната депонија.
„Најголемата инвестиција во Куманово е влогот во системот за управување со отпадот за Североисточниот и Источниот регион. Неговото спроведување ќе доведе до големо подобрување за граѓаните, но тоа е сложен проект кој опфаќа бројни чинители и мора да започнеме побрзо да работиме и да ги унапредуваме остварувањата“, рече Гир, кој истакна дека ЕУ ќе помогне Куманово да стане лидер на полето на здравата и чиста еколошката средина.
Градоначалникот Димитриевски ја истакна плодната соработка со ЕУ која е на високо ниво, потенцирајќи дека досега се реализирани повеќе проекти во рамките на пограничната соработка помеѓу Косово и Македонија, финансирани од европските фондови.
„ЕУ е голем партнер и еден од најголемите донатори во Куманово. Во изминатите 4 години успеавме да имплементираме 4 проекти како реконструкцијата на хотел „Солун“, Спомен костурницата, спортски игралишта, покривање на Градскиот пазар и други“, истакна Димитриевски.
Евроамбасадорот Гир и Димитриевски до посетија и Мултифункционалниот центар- хотел “Солун“, каде се сретнаа со младите европски амбасадори од Куманово, Албрие Џемаили и Дамјан Златановски.
На средбата се разговараше и за инфраструктурата и за културата.