Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
При извршување градежни работи на зграда во изградба на булевар „Гевгелија“ во Гевгелија, Б.Б.(21) од село Орашац, кумановско, паднал и се здобил со тешки телесни повреди.
„Тој бил пренесен во болницата во Гевгелија, од каде поради сериозноста на повредите бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што починал. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото извршиле инспектор од Државен трудов инспекторат и екипа на ОВР Гевгелија“, соопшти МВР.