Загина 22 - годишно момче на работно место во фабрика
17.09.2020 09:09
| KumanovoNews
Дваесет и двегодишно момче вчера го загубило животот додека извршувало работни задачи во производствен погон во фабрика во Куманово.

Според МВР, во 14.30 часот било пријавено дека во производствен погон во фабрика во Куманово, А.Д.(22) од Скопје, додека извршувал работни задачи, паднал и од здобиените повреди починал на местото. Од страна на лекар била констатирана смрт, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.