×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Загина момче на „Трета МУБ“

    21.03.2010 16:20 | KumanovoNews

    Во тешка сообраќајна несреќа на раскрсницата на булеварот„Трета МУБ“ и ул.„Перо Чичо“, животот го изгуби едно лице, а уште четири се потешко повредени.

    Загина момче на „Трета МУБ“

    Сообраќајката се случи вчера во 15.30 часот кога автомобил „југо“ со кој управувал  Милан Л.(20) од Куманово, кога излегувал од кај Училишната амбуланта удрил во „лада самара“, со кој управувал Осман А.(46) од Опае и се движел по булеварот кон центарот на градот. Од ударот ладата излетала од коловозната лента и удрила во семафорот на раскрсницата, при што ги пригмечила патниците.

    Од задобиените повреди Шуаб Ј.(23) од Опае, починал на патот кон кумановската болница, додека возачот се здобил со тешки повреди и заедно со возачот во југото, кај кој не се утврдени повредите се пренесени во Ургентниот центар во Скопје. Останатите сопатници во возилата Мартин Д.(19) со потешки повреди е задржан на лекување во кумановската болница, додека Мирлинда С.(6) е пуштена дома.

    Увид на лице место извршиле полициско-судски екипи, кои ќе ја утврдат причината за несреќата. Истрагата треба да покаже кој од возачите поминал на црвено на семафорот, додека анализата на крв ќе го утврди евентуалното присуство на алкохол. Матерјалната штета изнесува 120.000 денари.