Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На магистралниот пат Куманова- Крива Паланка во населбата Карпош синоќа во тешка сообраќајна несреќа, животот го загуби едно лице.
Околу 20 часот во близина на Бензинската пумпа „Луксоил„, при судир на автомобил и моторцикл, возачот на моторот се здобил со тешки повреди и починал.
Според СВР Куманово до несреќата дошло во судир меѓу автомобил “опел вектра“ управуван од 20-годишниот С.С. и мотор “дукати“ што го возел Слаѓан Петковски (40) од Куманово. Моторџијата возел зад автомобилот и кога се обидел да го претекне не забележал дека автомобилот се подготвува да се исклучи од автопатот кон населбата Карпош.
Со голема брзина, моторот удрил во автомобилот и се превртел. Петковски поради тешките повреди починал на самото место на несреќата