Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Работник од Куманово вчера починал откако со машината на која работел паднал во провалија.
Несреќата се случила околу 11 часот во Македонски Брод, во месноста викана “Долна ричка“, кога С.С.(65) од Куманово, при изведување градежни работи, односно управувајќи со работна машина “багер“ паднал во провалија и починал на местото на настанот.
Од страна на лекар констатирана била смрт.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Македонски Брод. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.