Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Заради намалениот капацитет во домовите, студентите и средношколците чии барања биле одобрени, а не можат да бидат сместени, ќе имаат можност да одберат месечен надомест за покривање на трошоците за приватно сместување или да одберат надомест на трошоците за превоз од местото на живеење до местото на студирање.
- Оваа мерка опфаќа 884 студенти и 347 ученици, а за нејзина реализација ќе се искористат 44 милиони денари од Буџетот, предвидени во четвртиот пакет антикризни мерки. Како одговорна партија, СДСМ и во време на пандемија покажува вистинска грижа за младите, за студентите и учениците. Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ продолжува да работи во интерес на граѓаните и да носи законски решенија кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите, -изјави Мартин Захариев, претседател на СДММ Куманово.
Измените на Законот за ученички стандард и Законот за студентски стандард, се спроведени заради за реализација на мерката од четвртиот пакет, бидејќи поради коронавирусот, ученичките и студентски домови ќе работат во посебни околности и по строго утврдени протоколи за да се заштити јавното здравје.