Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во подрачното училиште “Кочо Рацин“ во село Орашац неодамна се заменети дел од старите дотрајани прозорци со нови. Средствата се обезбедени од буџетот на училиштето.
Директорот Драгиша Цветковиќ вели дека ова подрачно училиште сеуште е во лоша состојба и ќе бара начин со донации да се подобрат условите.
Училиштето е руинирано и ќе подготвиме проект, ќе ги разгледаме можностите преку странски амбасади да добиеме помош за негово уредување. Во ова училиште учат 50 ученици од 1 до 8 одделение - вели Цветковиќ.
Приоритет за “Кочо Рацин“ е во подрачното школо во Градиште да се доведе вода, иако таму се образуваат само 4 деца.