Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ова е првпат во градот да се отвори ваква изложба која ќе опфати повеќе занаети.
Грнчарски садови, чевли, опинци, кантари, тепсии, чекани се поставени во Уметничката галерија. Во наредните две недели публиката ќе може одблизу да се запознае со старите занаети. Ова е првпат во градот да се отвори ваква изложба која ќе опфати повеќе занаети.
Населението овие производи ги користело некаде до педесетите години на минатиот века, а потоа Музејот ги откупувал или се добиени на подарок од жителите на Куманово и кумановските села. Изложени се стомни, црепни, кондири и дел од алатките на опинчарскиот и чевларскиот занает. Експонатите што не се најдат на изложбата објавени се во каталог- вели авторот на изложбата Милица Пешевска Николовска, кустос-советник во народниот музеј Куманово.
Изложени се 130 предмети. Занаетите во Куманово датираат од 19 и 20 век. Дваесетина качарски дуќани во градот имало во период од 1920 до 1930 година. Деветнаесет грнчари се евидентирани од 1919 до 1960 година. Првиот дуќан за опинци бил отворен во 1920 година. Чевларскиот занает се појавил во 1872 година, а претходно луѓето купувале обувки од пазар. Во 1896 годнина во Куманово се доселиле казанџии од Крушево и овој занает приматот го имал до 1950 година.