×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Запалил сметка за МРТВ и нападнал службеничка на УЈП

    26.09.2013 14:28 | KumanovoNews

     Кумановец запалил опомена за неплатена сметка за радиодифузна такса и ја нападнал даночната службеничка што му ја доставила.

    Запалил сметка за МРТВ и нападнал службеничка на УЈП

    Инцидентот се случил денеска, кога службеничката што вршела достава на Опомени за неплатена радиодифузна такса на граѓаните, кога дошла на вратат на даночниот обврзик била физички нападната.Насилникот брутално и ги одземал  службените акти од рацете и ги запалил. Случајот е пријавен во кумановската полиција.

    Од УЈП изразија згрозеност од ваквата појава.

    Иако ваквите инциденти се исклучоци, Управата за јавни приходи изразува згрозеност од бруталноста и навредите кои се упатуваат кон даночниците, а посебно кога се доведува во прашање безбедноста и здравјето на вработените при вршење на професионалните должности- се вели во реакцијата на УЈП.