Започна имунизацијата против ковид-19, први се вакцинираа медицински лица од Инфективната клиника

17.02.2021 - 11:13

Во модуларната болница во Скопје, започна процесот на имунизација на населението во државата, откако во 10.00 часот првата вакцина ја прими примариус доктор инфектолог Добринка Јовановска, а по неа и главната сестра.

Започна имунизацијата против ковид-19, први се вакцинираа медицински лица од Инфективната клиника

„Безбедно е, се чувствувам одлично. Ова е единствен начин да се заштитиме од инфекцијата која е актуелна целата година наназад,“ изјави Јовановска.

Вакцинацијата за почетните 4000 пријавени, ќе ја спроведуваат екипи од Здравствениот дом на 6 пунктови во две смени, од 8 до 20 часот. За денеска е предвидено да се вакцинираат 260 здравствени работници.

Вработените од другите градови, за почеток е потребно да одат во Скопје, а подоцна со текот на времето ќе започне посебна дистрибуција по општините.

Втората доза за ревакцинација, веднаш ќе биде резервирана за секој здравствен работник, бидејќи следната недела ќе пристигне уште една пратка од „Фајзер“, најави министерот Филипче.

(Д.Д.)

(Фото:МЗ)


2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk